Солскјер пред дербито со Ливерпул: Ако се опуштиш на Монт Еверест ќе замрзнеш 


– Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер, им порача на своите фудбалери пред денешното дерби против Ливерпул дека лидерското место во Премиерлигата треба дополнително да ги мотивира да продолжат со добри игри.


 

-Тоа е како да се искачиш на Килиманџаро или Еверест, да стигнеш на врвот, но ако потоа седнеш или се опуштиш ќе замрзнеш до смрт. Затоа сега е време да притиснеме повторно и да продолжиме во ист стил, изјави Солскјер.

Манчестер јунајтед по 17 одиграни натпревари е лидер на табелата со 36 бодови, три повеќе од бранителот на титулата Ливерпул пред денешното дерби на „Енфилд Роуд“.