Словенецот Глиха привремено решение на клупата на Косово


Словенечкиот фудбалски стратег и поранешен репрезентативец Примож Глиха ќе го предводи Косово на следните два натпревари идниот месец, против Грција во рамки на мундијалските квалификации и пријателскиот дуел порив Јордан, објавија денеска медиумите во Љубљана.

Глиха од почетокот на оваа година беше во улога на советник на Бернард Шаландес, кој неделава спогодбено го раскина селекторскиот договор, оставајќи го Косово последнопласирано во групата Б со само четири бодови од седум натпревари.


 

Медиумите наведуваат дека Глиха ќе биде привремено решени за испразнетата селекторска клупа, бидејќи Косовската фудбалска федерација ќе настојува на тоа место да седне Германецот Феликс Магат.