Силва парично казнет поради тепачка на карневал


Бетис со понуда до Давид Силва - МИА

– Фудбалерот на шпанскиот прволигаш Реал Сосиедад, Давид Силва, е казнет парично поради физички напад врз жена за време на карневал на Канарските острови во јуни оваа година.

 

 

На поранешниот шпански репрезентативец му е изречена глоба од 1.080 евра, објавија локалните медиуми, додавајќи оти нападнатата жена при инцидентот се здобила со повреди на вратот и раката, како и гребнатинки на рацете и колената.

Инцидентот, во кој бил вклучен и братот на Давид Силва и уште едно лице, се случил на 19 јуни во гратчето Маспаломас на Канарските острови.