Силва е подготвен да го продолжи договорот со Челзи до 2023 година


Дефанзивецот на Челзи, Тијаго Силва може да го продолжи договорот со клубот од Лондон.


 

Според Фабрицио Романо, 37-годишниот фудбалер е подготвен и отворен за преговори. Се очекува на играчот да му биде понуден договор до 2023 година.

Забележано е дека на Силва му се допаѓаат клубот, неговите навивачи, атмосферата во тимот, а има добар однос и со тренерот Томас Тухел.

Договорот на Силва е со важност до крајот на оваа сезона.