Шкупи без повредениот Рватубаје во пролетниот дел од сезоната


– Актуелниот лидер во Првата македонската фудбалска лига (ПМФЛ), Шкупи, ќе мора да ја продолжи трката за шампионската титула без клучниот дефанзивец во своите редови Абдул Рватубаје, откако интернационалецот од Руанда поради повреда ќе го пропушти пролетниот дел од сезоната.


 

Рватубаје, како што соопшти попладнево скопскиот прволигаш, се повредил на натпреварот против Сумгаит на подготовките во Анталија и е опериран во болница во Истанбул.

Според проценките на докторите, одбранбениот фудбалер на Шкупи поради мускулна повреда на левата нога ќе отсуствува од терените во следните седум до осум месеци.