Шкотска пријави околу 2.000 случаи на коронавирус поврзани со ЕУРО2020



 Шкотските власти пријавија денеска речиси 2.000 случаи на коронавирус поврзани со гледање на натпреварите на ЕУРО2020 на стадиони, јавни собиiри, во пабови и приватни домови.


 

Податоците се однесуваат на првите две недели од Европското првенство кога шкотската репрезентација одигра два натпревари на „Хемпден Парк“ во Глазгов и еден на стадионот „Вембли“ во Лондон.

Заводот за јавно здравје на Шкотска објави дека вкупниот број на заразени навивачи со коронавирус е 1.991

Речиси три четвртини од заразените се на возраст од 20 до 39 години и во девет од десет случаи станува збор за машка популација.