Шкендија не успеа ниту во Конференциската лига


Македонскиот фудбалски првак Шкендија ги заврши настапите во евро-куповите, откако вечерва во Скопје доживеа елиминација во 2. коло од Конференциската лига.


 

Тетовци по неуспешните квалификации во Лигата на шампионите ова лето, добија шанса за поправен во 2. коло од новоформираното натпреварување на УЕФА, но повторно претрпеа два пораза, овој пат од летонска Рига.

Реваншот одигран вечерва на „Тодор Проески“ заврши 1:0 за гостите со голот на Микаел Соисало (52. минута), додека во Летонија беше 2:0.

Доцна вечерва во Португалија реваншот од 2. коло во КЛ го игра и Шкупи. Чаирчани на првиот меч на домашен терен беа поразени со 3:0, па гостувањето кај Санта Клара се очекува да биде само формалност.