Салах го постигна 100. гол во Премиер лигата за Ливерпул – најбрзо во историјата на клубот



Салах го одбил Реал Мадрид пред финалето во Киев - МИА

Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах вечерва постигна гол за Ливерпул на гостувањето во Лондон против Брентфорд во Премиер лигата.


 

Ова е 100-ти гол на Египќанецот во англиското фудбалско првенство. За да стигне до оваа граница, на Салах му беа потребни 151 натпревар.

Претходниот рекорд го држеше Роџер Хант, кој постигна 100 голови за Ливерпул во англиската Премиер лига на 152 натпревари.

Натпреварот Брентфорд – Ливерпул заврши нерешено 3:3.