Рома казнета со службен пораз


Рома казнета со службен пораз - МИА

Рим, 22 септември 2020 () – Раководството на Серија „А“ пресуди официјален пораз на Рома на натпреварот од првото коло против Верона, кој заврши нерешено – 0:0. Римјаните пуштија нередовен играч на теренот.

Станува збор за Амаду Дијавара, кој беше на теренот сите 90 минути, но беше регистриран само за младинскиот тим. Слична ситуација веќе се случи во август 2016 година, кога Сасуоло беше казнет за слично нарушување на мечот против Пескара.

Дваесет и три-годишниот Дијавара се пресели во Рома во 2019 година од Наполи и минатата сезона одигра 31 натпревар за главниот тим и постигна 1 гол.

Најверојатно, недоразбирањето доаѓа од грешка на вработените задолжени за досиејата, информираат медиумите во Италија.

 


Вести

Почина Амди Бајрам, лидерот на Сојузот на Роми

Лидерот на Сојузот на Роми, Амди Бајрам утрово почина на 64-годишна возраст. Информацијата за МИА ја потврдија од Сојузот на Роми. Дел од медиумите јавија дека тој починал во приватна клиника. Бајрам имаше проблеми со […]

141 новозаразени од Ковид-19, почина пациент од Скопје
Вести

Активни 6.861 случаи на заразени со коронавирус во земјата

Во моментов бројот на активни случаи со коронавирус во земјата изнесува 6.861 лице, откако вчера потврдени 518 новозаразени, 200 оздравени и 9 починати лица. Најмногу активни случаи на заразени има во Скопје (3.320), Струмица (394) […]

Вести

Интензивирање на комуникацијата за надминување на недоразбирањата со Софија

– Интезивирана комуникација со Софија деновиве за изнаоѓање решение за спорот со Бугарија, по испраќањето на бугарскиот појаснувачки меморандум до земјите-членки на Европската Унија, во кој се оспоруваат македонскиот јазик и македонската нација. Премиерот Зоран […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*