Реал Мадрид не ја победи Осасуна на домашен терен во Ла Лига за прв пат од 2005 година



ript>

 Реал Мадрид синоќа ремизираше со Осасуна во домашниот натпревар од 11. коло на шпанското првенство (0:0). Составот од Памплона стави крај на неуспешната серија од 12 последователни порази на „Сантијаго Бернабеу“ во Ла Лига. Последен пат Осасуна успеа да избегне пораз на гости кај Реал Мадрид во декември 2005 година (1:1).


 

И покрај ремито, Реал Мадрид и натаму е лидер на табелата со 21 бод, исто колку што имаат уште и Севилја, Бетис и Реал Сосиедад.

Осасуна со 19 бода се наоѓа на шестото место.