Реал го наградува Бензема со нов договор и поголема плата

Реал Мадрид дефинитивно има проблеми по заминувањето на Кристијано Роналдо. И иако тоа беше пред повеќе од една година, Португалецот сè уште му недостасува на тимот. Еден од играчите кој не е засегнат од ова е Карим Бензема.

Французинот е во многу добра форма и не престанува да бележи за „белиот балет“. Поради оваа причина, Реал е подготвен да му понуди нов договор, кој ќе биде до 2022 година со неделен надомест од 190 илјади фунти.

Лука Јовиќ, кој беше земен за негов заменик, сè уште не покажа дека е подготвен, откако нема реализирано гол за „белите“ и има мала шанса за изразување. Французинот се запиша 10 пати на 14 средби во текот на оваа сезона. Бензема беше прецизен и во последниот натпревар на „кралевите“ при победата од 4:2 над Гранада.

Вести

В недела лидерска кај претседателот на државата

Лидерска средба на иницијатива на претседателот Стедво Пендаровски, на која ќе присустуваат претседателите на најголемите парламентарни политички партии и од власта и од опозицијата ќе се одржи в недела во 17:00 часот во „Вила Водно“ […]

Вести

Мицкоски: Повикувам на средба на државниот врв, изборите се логично решение, во меѓувреме потребни се итни реформи

Недобивањето на датум за избори е лоша и непосакувана вест за Македонија. Треба да бидеме свесни дека државата влегува во разочарување и сето ова е последица на погрешните политики водени во последните неколку години. Ќе […]