– Јужнокорејскиот фудбалер Ли Канг-ин е нов фудбалер на ПСЖ, објави францускиот првак.
Ли е првиот јужнокорејски фудбалер кој потпиша договор со ПСЖ, а во клубот од Париз доаѓа од редовите на шпанска Мајорка.
Претходно настапуваше за Валенсија.
Финансиските детали околу трансферот не се соопштени.
За репрезентацијата на Јужна Кореја, 22-годишниот офанзивен играч за врска досега одигра 14 натпревари, од кои четири на последното Светско првенство во Катар.