ПСЖ: На Нејмар снимањето реклами му е поважно од рехабилитацијата



– Раководството на ПСЖ изрази ново незадоволство од однесување на Бразилецот Нејмар (28). Напаѓачот на „светците“ овојпат отпатува во Дизелдорф да учествува во снимање на рекламен спот за еден бренд на гардероба.

Нејмар извесен период е повреден, а челниците на ПСЖ се надеваа дека ќе се потруди да се рехабилитира до првиот меч со Борусија Дортмунд во осминафиналето во Лигата на шампиони што ќе се одигра во вторник (18 февруари). Но, наместо тоа, забелешките се дека троши енергија на работи што не се поврзани со фудбалот.

Од клубот, сепак, нагласија дека нема да применат санкции кон бразилската ѕвезда кој оваа сезона одигра 14 меча во француската Лига 1, при што постигна 13 гола.


Вести

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според последните податоци, досега во светот 33.951.767 лица биле заразени со новиот коронавирус. Како резултат на Ковид-19, починале 1.014.644 пациенти, а се опоравиле 25.217.358 лица. Во последните 24 часа во Германија се регистрирани 1.798 нови […]

Вести

Објавени распореди на часовите за наставата на МРТ

Учениците кои немаат ИТ-уреди за да следат онлајн-настава преку платформата, часови ќе  гледаат на Македонската радио-телевизија на која секој ден ќе бидат прикажувани 15-минутни видеа за секој наставен час. Часовите ќе почнуваат во 8.30 часот […]

Вести

Регистрирани 194 новозаразени, починаа 2 лица

Во последните 24 часа се направени 1697 тестирања, а регистрирани се 194 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-77, Куманово-9, Дебар-3, Штип-5, Прилеп-11, Тетово-16, Струга-3, Велес-5, Битола-6, Охрид-2, Кавадарци-3, Гостивар-5, Гевгелија-1, Струмица-9, Крива Паланка-3, Радовиш-6, Кочани-10, […]