Претседателот на Интер Мајами: Со Меси во тимот ќе продолжиме да ги остваруваме соништата

mesi
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот и косопственик на Интер Мајами Хорхе Мас го коментираше доаѓањето на Лионел Меси во тимот.

– Чест ми е да му посакам добредојде на Меси и неговото семејство во нивниот нов дом. Во 2018 година ветивме дека ќе изградиме амбициозен клуб кој ќе ги привлече светските елитни играчи. Клуб кој ќе ја промени глобалната слика на фудбалот во САД и ќе се погрижи каде и да се зборува за фудбал. Срдечна благодарност до нашите фанови кои никогаш не престанаа да веруваат. Заедно ќе продолжиме да ги претвораме соништата во реалност, изјави Мас клупската веб-страница.


Интер Мајами потпиша договор со Меси до летото 2025 година. Беше објавено дека 36-годишниот фудбалер ќе добива 60 милиони долари годишно.

Аргентинецот може да дебитира во новиот тим на 21 јули, во меч против мексиканскиот Круз Азул.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK