Претседателот на Фиорентина бара неодложни промени во фудбалскиот свет



ript>

Нешто мора да се промени во фудбалот, бидејќи клубовите станаа немоќни пред (финансиските) барања на играчите и особено на нивните менаџери, предупреди претседателот на италијанскиот прволигаш Фиорентина, Роко Комисо.


 

Неговиот апел доаѓа откако српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ ги одби сите понуди на Фиорентина за продолжување на договорот.

– Ние му дадовме сè, му понудивме да биде главен напаѓач, лидер на тимот, му нудиме највисок договор, а тој сега бара многу повисока плата и за мене тоа не е нормално. Никогаш досега не се сум сретнал фудбалер, кој бара намалување на плата бидејќи одиграл слабо, изјави Комисо.