Преговорите меѓу УЕФА и ЕКА за новиот формат на ЛШ во завршна фаза


УЕФА стартува трето клупско натпреварување од следната сезона, финалето во Тирана - МИА

Договорот за новата структура на фудбалската Лига на шампиони (ЛШ) е во завршна фаза и би требало да биде потпишан во следните две недели, најави денеска првиот човек на италијанскиот првак Јувентус и претседател на Европското здружение на клубови (ЕКА), Андреа Ањели.


 

Според новиот систем на натпреварување, познат како „швајцарски модел“ наместо сегашната групна фаза со 32 екипи, во ЛШ од 2024 година би учествувале 36 тимови поделени во четири групи според новниот рејтинг.  

Секој клуб би одиграл десет натпревари со различни екипи, пет на домашен и пет на гостински терен. Осумте првопласирани екипи по десетте кола би обезбедиле пласман во осминафиналето, екипите од 8 до 24 место би играле плеј-оф за пласман во осминафиналето, додека последните 12 пласирани екипи би го завршиле натпреварувањето. 

Иако некои елементи од планот на ЕКА беа предмет на критика, Ањели изрази уверување дека работата е речиси целосно завршена.

– Сите ја препознаа користа која ја носи новиот систем на натпреварување. Постојат уште неколку детали што треба да ги решиме и се надевам дека се ќе биде завршено во следните неколку недели, изјави Ањели, по денешниот состанок на ЕКА.