Постигнат јубилејниот 1.000 гол на светските првенства за фудбалерки

fudbal zeni
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Завршното коло во Групата Ц на Светското првенство за фудбалерки кое се одржува во Австралија и Нов Зеланд го донесе 1.000 гол во мундијалската историја.

Јапонија ја совлада Шпанија со 4-0 за заверка на првото место во групата, додека Замбија ја забележа почесната победа, совладувајќи ја Костарика со 3-1.


Головите за Замбија ги постигнаа Мвемба (3 минута), Банда (31, пенал) и Кундананџи (93), додека Херера (47) беше прецизна на спротивната страна.

Голот кој Банда го постигна од пенал влезе во историјата на светските првенства за фудбалерки како јубилеен 1.000.

Јапонија во осминафиналето ќе игра против Норвешка, додека Шпанија против Швајцарија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK