Поради нецелосна вакцинација Лоди изоставен од бразилската репрезентација


Дефанзивецот на шпанскиот прволигаш Атлетико Мадрид, Ренан Лоди (23), го загуби местото во бразилската фудбалска репрезентација за продолжението од мундијалските квалификации, бидејќи не е вакциниран со две дози против коронавирус.


 

Бразилскиот селектор Тите објави дека нема да смета на услугите на Лоди за дуелите против Еквадор и Парагвај.

– Лоди испадна од списокот кандидати поради нецелосна вакцинација, изјави Тите.

Лоди прими прва доза вакцина против коронавирусот на 10 јануари, а Бразил на 27 овој месец му гостува на Еквадор каде услов за влез е вакцинирање со две дози.