Почетино фаворит за позицијата на Кике Сетиен во Барселона


Почетино го смени мислењето за преземање на Барселона - МИА

Барселона, 15 август 2020 () – Маурисио Почетино е првиот избор на Барселона да го замени Кике Сетиен. Каталонците се принудени да најдат нов менаџер за клубот по понижувачкиот пораз од 2:8 на Баерн Минхен. Тие беа елиминирани во четвртфиналето од Лигата на шампионите по 3-ти пат во последните 4 сезони.

Почетино е исто така фаворит за оваа позиција меѓу букмејкерите. Аргентинецот е без работа од ноември 2019 година, откако беше отпуштен од Тотенхем. Управата на Барселона бара силен карактер и се чини дека Маурисио Почетино е вистинската личност за работата. „Спорт“ додава дека клубот е во контакт со 48-годишниот Аргентинец уште од јануари.

Вреди да се спомене дека Кике Сетиен сè уште не е официјално отпуштен. Сепак, многу е веројатно дека ова ќе се случи многу наскоро. Претседателот на Барселона, Пеп Марија Бартомеу изјави дека ќе има промени во клубот и со тоа навести дека промена на тренерското место е неминовна.

Легендата на Барселона Чави е втор избор меѓу потенцијалните замени. Другите се: Роналд Коман, Марсело Биелса и Роберто Мартинез.

 


Вести

Почина Амди Бајрам, лидерот на Сојузот на Роми

Лидерот на Сојузот на Роми, Амди Бајрам утрово почина на 64-годишна возраст. Информацијата за МИА ја потврдија од Сојузот на Роми. Дел од медиумите јавија дека тој починал во приватна клиника. Бајрам имаше проблеми со […]

141 новозаразени од Ковид-19, почина пациент од Скопје
Вести

Активни 6.861 случаи на заразени со коронавирус во земјата

Во моментов бројот на активни случаи со коронавирус во земјата изнесува 6.861 лице, откако вчера потврдени 518 новозаразени, 200 оздравени и 9 починати лица. Најмногу активни случаи на заразени има во Скопје (3.320), Струмица (394) […]

Вести

Интензивирање на комуникацијата за надминување на недоразбирањата со Софија

– Интезивирана комуникација со Софија деновиве за изнаоѓање решение за спорот со Бугарија, по испраќањето на бугарскиот појаснувачки меморандум до земјите-членки на Европската Унија, во кој се оспоруваат македонскиот јазик и македонската нација. Премиерот Зоран […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*