Пике: Ќе биде тешко да се освои Ла Лига, но судбината е во наши раце


 Дефанзивецот на Барселона, Жерард Пике ги сподели своите размислувања за борбата за шампионската титула во Шпанија.


 

– Игравме добро со Валенсија, на моменти доминиравме. Тоа беше многу потребна победа по поразот од Гранада, што претставуваше шок за нас. Ќе биде тешко да се победи во Ла Лига, но ние сме уште во борба и ќе учествуваме во неа до самиот крај. Победивме во тешка ситуација, тоа ќе ни ја зголеми самодовербата. Знаевме дека нема да има лесни натпревари. Да се ​​освои Ла Лига ќе биде тешко. Се е во наши раце. Треба само да го победиме Атлетико, едноставно е, рече Пике.

Барселона ќе се соочи со Атлетико в сабота (8 мај) во меч кој може на крајот да се покаже како одлучувачки за епилогот во шпанското фудбалско првенство.

На четири кола до крајот, Атлетико е прв со 76 бода, Реал Мадрид и Браселона имаат по 74, Севиља е четврта со 70 бода.