Палмеирас ја одбрани титулата во Копа Либертадорес


– Фудбалерите на Палмеирас ја одбранија шампионската титула во Јужна Америка, откако синоќа во „бразилското финале“ во Монтевидео го совладаа Фламенго по продолженија со 2:1 (1:1, 1:0).


 

Палмеирас поведе во 6 минута преку Рафаел, а бројните напади на Фламенго вродија со плод во 72 минута кога Габриел Барбоса го израмни резултатот на 1:1.

Голот на одлука дојде во петтата минута од продолжението, откако Дејверсон искористи голема грешка во одбраната на Фламенго и рутински го совлада противничкиот голман.

Со тоа Палмеирас стана првиот клуб, кој го одбрани трофејот во Копа Либертадорес по Бока Јуниорс во 2001 година, а за бразилскиот клуб ова е вкупно трета јужноамериканска титула, која за прв пат ја освои во 1999 година.