Официјално: Ливерпул привлече дефанзивец од Олимпијакос



Официјално: Ливерпул привлече дефанзивец од Олимпијакос - МИА

Ливерпул, 10 август 2020 () – Англискиот шампион Ливерпул и официјално го привлече дефанзивецот Костас Цимикас од грчки Олимпијакос. 24-годишниот репрезентативец на Грција има три натпревари за својата земја и потпиша петгодишен договор со клубот од „Енфилд“. Според информациите, актуелниот европски шампион ќе плати 14 милиони евра на Грците за правата на играчот, кој ќе добива 50 илјади фунти неделно како плата.

Цимикас го направи своето деби за Олимпијакос во декември 2015 година и досега има одиграно 86 натпревари за грчките гиганти.

– Јас сум многу среќен и горд што сум тука. За мене ова е најголемиот клуб во светот. Чест и привилегија е да го носам овој дрес, па ќе дадам се од себе, изјави Цимикас за веб-страницата на клубот.

Костас ќе носи бр.21 на грб, кој го носеше Алекс Окслејд-Чемберлен, но англискиот играч од средниот ред реши да го замени со бр.15.

– Ја гледам лигата во Англија многу на ТВ. Отсекогаш сонував да играм во Премиер лигата еден ден. Ако работам напорно и се фокусирам на она што го сака тренерот, ќе бидам на највисоко ниво. Сакам да освојам многу, првенството, како и Лигата на шампионите, заклучи тој.


Научниците се уште не се согласни дали е можна инфекција со Ковид-19 од воздух - МИА
Вести

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус до сега се заразени 32.885.863 лицe. Од нив починале 995.352 пациенти, а оздравеле 24.260.574 луѓе. -Националната организација за јавно здравје на Грција соопшти 315 нови случаи на […]

Седум нови случаи со Ковид-19 во Пијанец и Малешевијата - МИА
Вести

Регистрирани 141 случај со Ковид-19, еден починат, 94 оздравени пациенти

Во последните 24 часа се направени 1.559 тестирања, а регистрирани се 141 случај со Ковид-19 во: Скопје-51, Куманово-12, Штип-6, Прилеп-6, Тетово-2, Струга-2, Велес-2, Битола-5, Охрид-3, Кавадарци-5, Гостивар-2, Гевгелија-5, Струмица-10, Крива Паланка-2, Кочани-5, Пробиштип-1, Валандово-3, Виница-3, […]

Вести

Пендаровски и Пахор во Охрид на показна вежба на армиските специјалци

– Претседателите на Северна Македонија и на Словенија Стево Пендаровски и Борут Пахор денеска го посетија Кампот за обука на вода на Армијата на Република Северна Македонија, од каде ја следеа показната вежба на припадниците […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*