Објавени номинациите за фудбалер на сезоната во Премиер лигата, по двајца од Сити и Арсенал

fudbal
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Седум фудбалери се номинирани за наградата најдобар играч оваа сезона во Премиер лигата.

Листата ја предводи тандемот од Манчестер сити, норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд и белгискиот играч за врска Кевин Де Брујне.


Покрај нив, во конкуренција за признанието се и двајца играчи од Арсенал, Норвежанецот Мартин Одегард и англискиот репрезентативец Букајо Сака.

Меѓу номинираните се и Маркус Рашфорд од Манчестер јунајтед, Хари Кејн од Тотенхем и Киран Трипие од Њукасл.

Најголеми шанси за наградата има Халанд, кој во дебитантската сезона урна бројни рекорди во Премиер лигата со своите досега 36 голови на 33 натпревари, од седум од белата точка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK