Нојер го сруши рекордот на Кан за „суви“ мрежи во Бундеслигата


Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер успеа да ја зачува неначната мрежата во 18. коло од германскиот фудбалски шампионат против неговиот поранешен клуб Шалке (4:0). Овој натпревар стана 197-та „сува“ мрежа во Бундеслигата за Нојер по што тој го сруши рекордот на Оливер Кан.


 

Поранешниот голман на Германија во текот на својата кариера имаше 196 „чисти“ мрежи бранејќи за Карлсруе и Баерн Минхен во периодот од 1987 до 2008 година.

Нојер е во Баерн Минхен од 2011 година, а пред тоа ги бранеше боите на Шалке.