Нејмар сака да го напушти ПСЖ бидејќи навивачите на клубот одржаа протест во близина на неговата куќа

nejmar
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Нејмар, сака да го напушти клубот, објави „Le Parisien“.

Триесет и едногодишниот Бразилец е незадоволен од тоа што навивачите на тимот организирале протест во близина на неговата куќа. Навивачите извикуваа: „Нејмар оди си“!


Првично, фудбалерот не планираше да го напушти ПСЖ, но оваа акција го промени неговиот однос кон ситуацијата. Раководството на клубот нема да се меша доколку играчот добие понуда која ќе го интересира.

Нејмар е во ПСЖ од август 2017 година. Во сезоната 2022/23, напаѓачот постигна 18 гола и направи 17 асистенции на 29 натпревари за тимот во сите натпреварувања. Моментално закрепнува од повредата на скочниот зглоб.

Претходно беше објавено дека за Бразилецот се заинтересирани клубови од првенствата на Англија и Саудиска Арабија, додека самиот напаѓач ја смета попожелна опцијата кариерата да ја продолжи во Премиер лигата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK