Навивачката група Гемиџии ќе протестира за последната одлука на ОФС-Велес


Навивачката група „Гемиџии“ на ФК „Борец“ од Велес денеска на прес конференција одржана на Градскиот стадион во Велес упати апел до раководството на  Општински фудбалски сојуз – Велес да ги преиспитаат одлуките на последното годишно изборно собрание одржано во петокот. Тие велат дека „во името на граѓаните на Велес од нив бараат во најбрз можен рок да донесе спортска одлука во интерес на градот, во интерес на велешани и во интерес на иднината на ФК „Борец“ да го продолжи патот по кој оди, и да ги совлада сите предизвици со нивна безрезервна поддршка и помош.


 

– На велешани им ја искажуваме нашата подршка. Таа е на страната на клубот, ние не напаѓаме никого едноставно браниме, Браниме оставштина од нашите предци и аманет за идните поколенија, потенцираат од навивачката група Гемиџии.

Тие најавија мирни протести во петок од 16 до 18 часот пред Велешкиот театар.

– Во име на светото име Борец единствената светла точка во градот и нема да дозволиме 4 гласа за смрт на ФК „Борец“ да ја згаснат нашата ѕвезда водилка. Го повикуваме секој гледач симпатизер навивач на 22. јануари – петок во мирен протест да изразиме подршка за клубот, велат од навивачката група „Гемиџии“.

Воедно потенцираат дека протестот ќе биде по сите препораки од владата со носење на заштитна маска и растојание и ќе се одвива во временски интервал од 16 до 18 часот  пред театарот во Велес.

Инаку ова уследи одкако во петокот на редовното изборно собрание на ОФС Велес едногласно од 35 присутни делегати со четиригодишен мандат повторно беше избран досегашниот претседател Лазар Ракиџиев, а за потпретседател Роберт Гочевски.