Навивачите собираат пари за да купат дел од акциите на Њукасл


Навивачите на Њукасл основаа фонд со намера да купат дел од акциите на премиерлигашот од североисточна Англија, објавија денеска британските медиуми.



– Со децении се говореше дека навивачите се клучен дел на клубот, но кога се носат главните одлуки тие секогаш се маргинализирани. За жал, во фудбалот парите го имаат главниот збор, соопштија навивачите на Њукасл.

Сопственикот на клубот Мајк Ешли се обиде минатата година да го продаде Њукасл на групација од Саудиска Арабија, но зделката остана нереализирана.