Наинголан ќе го пропушти мечот со Сасуоло поради повреда


Наинголан ќе го пропушти мечот со Сасуоло поради повреда - МИА

Милано, 28 ноември 2020 () – Играчот за врска на Интер, Раџа Наинголан нема да може да учествува во натпреварот од 9. коло на италијанскиот шампионат против Сасуоло, соопштува прес-службата на „нероаѕурите“.



Триесет и двегодишниот Белгиец се здоби со повреда на мускул на десната нога.

Сезонава Наинголан одигра пет натпревари за Интер и нема постигнато гол.