Италијанскиот печат пишува денеска дека 30-годишниот напаѓач на мадридски Атлетико, Алваро Мората, ја одбил понудата од Рома и чека трансфер во Милан.
Ла Газета дело Спорт, но и други италијански весници, наведуваат дека Мората сака да се врати со Серија А, но притоа Рома не е негова посакувана дестинација.
Според истите извори, Мората одбил какви и да е преговори со Рома, и подготвен е за пониска плата од досегашната да прифати покана од Милан и презема сè тоа и да се случи.
Претходно Мората одби и богата понуда од саудискиот клуб Ал Итифак, мотивиран од желбата да прејде во Милан и да игра во Лигата на шампиони.
Евентуален трансфер на Мората во Милан ќе значи негово враќање во италијанското првенство во кое настапуваше за Јувентус во два наврати, од 2014 до 2016 и од 2020 до 2022 година.