Меси приреди проштална вечера за играчите на Барселона


Меси: Бевме слаб тим кој лесно прима голови - МИА

 Напаѓачот Лионел Меси ги собра играчите на Барселона и нивните семејства на проштална вечера, пренесе „Марка“.

 

 

Според шпанскиот спортски медиум, кај Аргентинецот дошле Серхио Агуеро, Серхи Бускетс, Жерар Пике, Жорди Алба. Дали бил друг бил присутен од фудбалерите на каталонскиот клуб, не се соопштува.

Договорот на Меси со Барселона истече на 1 јули. Клубот на 5 август објави дека нема да се обнови.

Триесет и четиригодишниот играч најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Франција како играч на Пари Сен-Жермен. Според најавите Меси треба да потпише двегодишен договор со можност за продолжување на уште една сезона. Платата на Меси во ПСЖ ќе биде околу 50 милиони евра годишно, вклучувајќи бонуси.