Медиуми: Чаби Алонсо ќе биде наследник на Анчелоти во Реал

– Тренерот на бундеслигашот Баер Леверкузен, Чаби Алонсо (41), би требало да седне на клупата на Реал кога шефот на стручниот штаб Карло Анчелоти ќе одлучи да го напушти мадридскиот гигант, јавија денеска шпанските медиуми.

Анчелоти повеќе пати најави дека ќе остане во Реал до крајот на договорот кој му истекува во јуни идната година, а медиумите посочуваат дека Алонсо има најголеми шанси да го наследи легендарниот италијански стратег.

„Алонсо еден ден со сигурност ќе се врати во Реал, бидејќи покажа сериозност во работата. Тој добро го познава Реал, неговата структура, филозофија и клупските барања“, наведуваат медиуми во Шпанија.

Алонсо го носеше дресот на Реал од 2009 до 2014 година, а тренерската кариера ја почна во Б тимот на Реал Сосиедад, по што лани седна на клупата на клубот од Леверкузен.

Facebook
Twitter
LinkedIn