Манчини: Не е лесно да се стигне до завршница на турнри со подмладена репрезентација

manchini
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација Роберто Манчини ги искажа своите впечатоци од настапот во Лигата на нации.

– Младите играчи играа во ова квалификациско коло од Лигата на нации. Новиот пат на репрезентацијата е веќе започнат, бидејќи не е лесно да се стигне до завршната фаза од Лигата на нации со група млади играчи. По втор пат стигнавме до оваа фаза на турнирот, каде играат најдобрите тимови, го цитира Манчини „Фудбал Италија“.


Во полуфиналето на Лигата на нации, селекцијата на Италија загуби од Шпанија (1:2). Избраниците на Манчини во мечот за третото место ќе се сретнат со Холандија. Натпреварот ќе се одигра утре од 15 часот.

Во финалето ќе се соочат Хрватска и Шпанија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK