– Англискиот фудбалски гигант Манчестер јунајтед ја одби понудата од лондонски Вест Хем во износ од 20 милиони фунти за услугите на дефанзивецот Хари Мегваер, објави Би-Би-Си.
Англискиот репрезентативец Мегваер од 2020 година беше капитен на Манчестер јунајтед, но неговата иднина на „Олд Трафорд“ е неизвесна, откако претходно овој месец тренерот Ерик тен Хаг му ја одзеде капитенската лента.
Мегваер дојде во Јунајтед во 2019 година од редовите на Лестер за 80 милиони фунти, сума која сè уште е рекорден трансфер на дефанзивен играч.
Неговиот договор со клубот од „Олд Трафорд“ има важност до јуни 2025 година.