Македонските ветерани одиграа пријателски фудбалски натпревар со Косово во чест на Фадиљ Вокри

makedonija fudbal
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ветераните на македонската репрезентација одиграа пријателски натпревар во Приштина против фудбалските ветерани на Косово на традиционалниот турнир во чест на роденденот на легендарниот фудбалер, Фадиљ Вокри.

– Поранешните македонски репрезентативци го загубија мечот со 2:1 од ветераните на Косово, но резултатот секако не беше во преден план. Турнирот имаше пријателски карактер и поважна беше дружбата меѓу поранешните фудбалери., соопшти Фудбалската федерација на Македонија.


По завршувањето на натпреварот, претседателот на Фудбалската федерација на Косово, Агим Адеми, им додели трофеј на двете селекции. Капитен на македонската селекција  беше Артим Шаќири, а заеднички со останатите фудбалери оддадоа почит и пред статуата на .

За македонската репрезентација настапија: Џемал Зеќири, Артим Шаќири, Арбен Нухиу, Драган Начевски, Вујадин Станајковиќ, Артим Положани, Ерџан Менга, Неџат Шабани, Ќатип Османи, Куштрим Балажи, Горан Георгиевски, Џенан Хајдари, Афет Јашари, Ванчо Мицевски, Бруно Пресилски, Драган Веселиновски, Аргент Беќири, Горан Станковски. Од клупата беа предводени од Менсур Неџипи – селектор, Еркан Јусуф – помошник селектор.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK