Македонските фудбалери до 18 години на тест средби во Дојран


Македонската фудбалска репрезентација составена од фудбалери родени 2002 година и подоцна, во периодот од 14 јуни до 20 јуни ќе бидат на тренинг камп во Дојран. Во рамки на тренинг кампот стручниот штаб на чело со селекторот Шкумбин Арслани има предвидено  два контролни натпревара со младинците на Академија Пандев.

– Целта на собирот е во текот на оваа недела низ тренинзи и натпревари што е можно подобро да се воигра оваа генерација. Има нови репрезентативци кои ќе добијат шанса на кампот, и искрено се надевам дека ќе ја искористат. Воедно, овој камп ќе биде и финална подготовка за силниот меѓународен турнир на кој ќе играме во месец август во Чешка. Се надевам дека ќе имаме успешна недела и дека сите репрезентативци ќе го дадат својот максимум и ќе работат одговорно, изјави за веб-страницата на ФФМ селекторот Арслани.

Натпреварите се закажани за 16 и 19 јуни со почеток во 17 часот.


Завршува изборната кампања, од полноќ почнува изборниот молк - МИА
Вести

Завршува изборната кампања, од полноќ почнува изборниот молк

Скопје, 12 јули 2020 () – По 20 дена во кои партиите и коалициите ја претставуваа својата понуда пред граѓаните, денеска завршува изборната кампања и од полноќ почнува изборниот молк пред одржувањето на предвремените парламентарни […]

Во трката за пратеници 1.578 кандидати на 15 коалиции и партии - МИА
Вести

Во трката за пратеници 1.578 кандидати на 15 коалиции и партии

Скопје, 12 јули 2020 () – Граѓаните на Северна Македонија на предвремените парламентарни избори ќе можат да гласаат за кандидатските листи на 15 коалиции и партии со вкупно 1.578 кандидати, од кои 903 се мажи, […]

Од утре почнува тридневното гласање на предвремените парламентарни избори - МИА
Вести

Од утре почнува тридневното гласање на предвремените парламентарни избори

Скопје, 12 јули 2020  () – На 3.390 избирачки места на десеттите предвремени парламентарни избори можат да гласаат 1.814.263 граѓани запишани во Избирачкиот список. Гласањето на овие парламентарни избори поради актуелната пандемија на КОВИД-19 првпат ќе […]