Мајката на Рабио последна пречка за трансфер на Рабио во Јунајтед


Манчестер јунајтед се договори со Јувентус за трансфер на Адриен Рабио за 15+5 милиони фунти. За да се реализира трансферот зелено светло треба да даде мајката на играчот, Вероника која е и негов агент.

 

 

Во моментов, англиските медиуми ја нарекуваат единствена пречка за преселба на Рабио во Манчестер Јунајтед.

Според „Manchester Evening News“ клубовите се согласиле да го ангажираат 27-годишниот играч од средниот ред за 15 милиони фунти (17,8 милиони евра). Оваа сума може да се зголеми на 20 милиони фунти (23,8 милиони евра) преку бонуси.

Новинарот Фабрицио Романо ја потврдува оваа информација и пишува дека Јувентус не се меша во трансферот на Рабио во Манчестер јунајтед и е отворен за негова продажба, но англискиот клуб се уште не успеал да се договори со агентот на играчот.

Минатата недела Јунајтед го прифати фактот дека мора да бара алтернативи за играчот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг. Како што е наведено, Манчестер јунајтед го следи Адриен уште од деновите на Луј ван Гал во клубот.

Договорот на Рабио со Јувентус истекува во летото 2023 година. Минатата сезона, играчот од средниот ред настапи на 45 натпревари за клубот и имаше две асистенции.