Лабадија нов тренер на Џенова


Последно пласираниот тим во Серија А, Џенова, го назначи денеска за свој нов тренер германскиот стратег со италијанско потекло Бруно Лабадија (55).


 

Тој доаѓа на местото на Украинецот Андриј Шевченко, кој имаше исклучително неуспешен престој на клупата на Џенова и го предводеше тимот во кој настапува поранешниот македонски репрезентативец Горан Пандев до само една победа на вкупно 11 натпревари во сите натпреварувања.

Последниот тренерски ангажман на Лабадија беше на клупата на берлинска Херта.