Крос: Одлуката Мундијалот 2022. да се игра во Катар беше погрешна



– Германскиот фудбалер Тони Крос оцени денеска дека одлуката организацијата на Светското првенство во 2022 година да му се додели на Катар била погрешна, но оти завршниот турнир треба да се искористи за промовирање на прашањата за човековите права во таа држава.


 

-Сметам дека доделувањето на Мундијалот на Катар не беше добра од неколку причини, изјави играчот за врска на германската репрезентација и на Реал Мадрид.

Како прва причина, Крос ги наведе условите во кои странските државјани работат на изградба на објекти за потребите на Мундијалот, истакнувајќи оти стотици мигранти „работеле без одмор, понекогаш на неподносливи температури од 50 степени Целзиусови и без доволно вода за пиење“.

Тој, иста така, го потенцираше и фактот дека во Катар на сила се антихомосексуални закони, а на крајот посочи и оти Катар „не е фудбалска земја“.

Крос, меѓутоа, рече дека бојкот на Мундијалот не е решение и нема да донесе позитивни ефекти.

-Морате да си го поставите прашањето – што би донел евентуален бојкот?. Дали нешто драстично би се променило на подобро?. Дали условите за работа би се промениле? Не верувам.

„Наместо тоа, верувам дека е важно да се сврти вниманието кон овие проблеми, можеби за време на одигрување на турнирот … на тој начин работите можеби ќе се променат на подобро“, изјави Крос.