Кристал Палас потпиша договор со голманот Џонстон


Премиерлигашот Критсал Палас потпиша договор со англискиот репрезентативен голман Сем Џонстон на 4 години.

 

 

Дваесет и деветгодишниот чувар н амрежата во новиот тим дојде како слободен играч.

Претходно тој одби да го продолжи договорот со Вест Бромвич, бидејќи имал намера да игра во Премиер лигата.

Џонстон минатата сезона одигра 36 натпревари во лигата, при што прими 33 гола. Тој беше повикан и во репрезентацијата на Англија.