Кошта: Жоао Феликс е тоа што ни недостасуваше

По заминувањето на Антоан Гризман, Диего Годин и Хуанфран, Атлетико мораше да си најде нов лидер. По се изгледа, тоа ќе биде Диего Кошта.

Тој даде интервју пред „Јутјуб“ каналот „Que Partidazo“, откако изјави дека не се обидел да го спречи Гризман да се пресели во Барселона, бидејќи тој сакал да игра со Меси и Суарез.

– Неговиот сон беше да игра заедно со Меси Суарез. Сите знаеме колку е добар Антоан. Како фудбалер секогаш сакате да пробувате нови работи и нормално е да си ја проба среќата, да стане главен играч во клуб како Барса. Тој сакаше нов предизвик и го најде во Барселона. Јас дури и не се обидов да го убедам да остане, но ако побараше да му дадам совет, ќе му кажев дека сите треба да пробаат нешто ново, започна Кошта.

Шпанскиот репрезентативец потоа прокоментира и за новата ѕвезда на „јорганџиите“, Жоао Феликс.

– Кога пристигна во Атлетико, веднаш видовме дека е подготвен да ги слуша советите на поискусните играчи, тој сакаше да учи од нив. Тој не е играч, кој мисли дека е ѕвезда. Ова е добро за соблекувалната и за клубот. Тој ги покажа своите квалитети за време на предсезонските дуели. Тој го покажа тоа против Јувентус, и против Реал, како и на тренинзите. Има природен талент, нешто поразлично од вообичаеното. Нормално е да се има големи очекувања за Жоао, сегледа колку е добар играч. Лично, добро се снаоѓам со него на теренот. Да се ​​има играч кој може со еден допир на топката да започне напад ви дава предност. Секој може да види дека има нешто посебно во него. Ова беше нешто, од кое имавме потреба, не само на мене, туку на целиот тим “, заклучи напаѓачот.

Вести

Извршена еутаназија врз златната параолимпијка Верворт

Белгиската параолимпијка, Марик Верворт, го активираше барањето за еутаназија, што значеше крај на нејзините маки, и смрт. Верворт која имаше 40 години, а на Параолимписките игри во Лондон 2012 година освои златен медал во трката […]

Бизнис

„Герешајмер“ го означи почетокот на изградба на новата фабрика во Бунарџик, ќе вработи 400 луѓе

Германската компанија „Герешајмер“ денеска во Технолошко индустриската развојна зона Бунарџик го означи почетокот на изградба на новата фабрика за медицинска пластика. Ова е прва фабрика на реномираната германска компанија во Југоисточна Европа, а земјава беше […]

Вести

Одобрени 60 милиони денари за чистење на линданот во ОХИС

Владата на денешната 160-та редовна седница донесе одлука за одобрување на 60 милиони денари од Буџетот за 2019 година за чистење на индустрискиот токсичен отпад (линдан) во поранешната фабрика ОХИС во Скопје. Средствата, како што […]