Клуб од Тахити на Светско клупско првенство


– Фудбалскиот клуб АС Пире од Тахити ќе настапи во февруари на Светското клупско првенство, како замена за новозеландскиот шампион Оукленд кој поради пандемијата со коронавирус и задолжителниот карантин што го пропишуваат властите во Нов Зеланд, го откажа настапот.


 

Оукленд и минатата година не настапи на Светското клупско првенство поради коронавирусот и строгите гранични рестрикции во Нов Зеланд.

Со тоа егзотичниот АС Пире се најде во друштво на европскиот шампион Челзи, освојувачот на Копа Либертадорес, Палмеирас, азискиот првак Ал Хилал, африканскиот шампион Ал Ахли, мексиканскиот Монтереј и Ал Џазира од Обединетите Арапски Емирати, во чија организација ќе се одржи Светското клупско првенство од 3 до 12 февруари.