Клоп: Играчите даваат сè од себе, се надевам дека навивачите се горди на нив


Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, изјави дека е исклучително горд на своите играчи и се надева дека тоа е случај и со навивачите на тимот. Менторот на тимот од Мерсисајд зборуваше пред клупскиот сајт пред двата дуели на „Енфилд“ во наредните денови – против Шефилд во Премиер лигата и против Евертон за ФА-купот.
– Јас сум крајно горд на играчите и навистина се надевам дека навивачите се горди на нив. Овие играчи толку често покажаа дека се борат апсолутно за сè. Имаме предност во домашните дуели. Немаме други предности, но дома е поинаку, рече Клоп.
Во врска со зафатениот распоред, Клоп рече: „Навистина е тешко, но никој не се жали за тоа. Ние навистина не бараме изговори. Овие момци ги фрлаат сите сили што ги имаат и ова е нешто што уште еднаш ќе се обидеме да го направиме на 2 јануари.“


Нови 72 случаја позитивни на коронавирус, еден починат, досега вкупно 555 заболени - МИА
Вести

Нови 72 случаја позитивни на коронавирус, еден починат, досега вкупно 555 заболени

Скопје, 5 април 2020 () – Нови 72 нови случаја на коронавирус се регистрирани во последните 24 часа во земјата, едно лице е починато, а три лица се излекувани и денеска заминуваат од Клиниката за […]

Вести

МТСП: Породилното отсуство се продолжува до истекот на времените мерки за заштита од ширење и превенција од коронавирус COVID-19

–  Се продолжува периодот на платено отсуство од работа поради нега и одгледување на новородено и посвоено дете се до истекот на траење на времените мерки. Со уредба со законска сила на Законот за работни […]

Вести

Државниот карантин го напуштија 160 граѓани, досега вратени 2207, утре лет од Лондон

– Државниот карантин, по поминти 14 дена, вчера успешно го напуштија 160 македонски граѓани, кој со хуманитарен лет беа вратени во земјава. Статистиката заклучно со вчера покажува дека во државен карантин се наоѓаат 2099 лица, […]