Капело: Клоп направи магија, за Гвардиола фудбалот е како театар


Италијанскиот фудбалски стручњак, Фабио Капело, во пресрет на утрешното супер-дерби од Премиерлигата помеѓу Ливерпул и Манчестер сити, направи споредба на нивните тренери.

– Според мене, Клоп во Ливерпул направи нешто магично, атмосферата во тимот е фантастична, фудбалерите ги рефлектираат чувствата на навивачите. Конекцијата на фановите со играчите е уникатна. Гвардиола е поинаков. Мислам дека тој сака тимот да игра како е во театар. Шоуто е супер, но тој сака и уметност, театар – анализира Капело.

Утрешниот меч на „Енфилд“ е важен, бидејќи Ливерпул има шест бода повеќе, и ако триумфира, ќе побегне на дури девет, што би можело да се покаже како недостижна разлика. Но, Сити ја брани титулата, тие се последен англиски тим кој ги совладал „црвените“.


Ќе се прави скрининг на новинари и медиумски работници за КОВИД-19 - МИА
Вести

Нови 120 случаи со Ковид-19, петмина починати, 125 оздравени пациенти

– Во последните 24 часа се направени 1.367 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-63, Куманово-4, Дебар-6, Штип-4, Прилеп-2, Тетово-14, Струга-6, Велес-2, Битола-1, Охрид-4, Гостивар-12, Свети Николе-1 и Кичево -1. Починати се […]

Уште шест дена претставување на изборните понуди на партиите пред граѓаните - МИА
Вести

Уште шест дена претставување на изборните понуди на партиите пред граѓаните

Скопје, 7 јули 2020 () – Остануваат уште шест дена политичките партии и коалициите кои ќе учествуваат на предвремените парламентарни избори на 15 јули да ги претстават своите изборни програми пред граѓаните. Кампањата завршува на […]

Носењето заштитна опрема на носот и устата е задолжително, забрането е групирање на повеќе од две лица - МИА
Вести

Зголемен бројот на заразени и во соседството, можни се нови мерки на границите

Скопје, 7 јули 2020 () – Вкупно 78 случаи на Ковид-19 беа регистрирани во текот на вчерашниот ден. Иако бројката е значително помала во однос на претходните недели, сепак надлежните предупредуваат дека есенските денови се […]