Каменица Саса се засили со Србинката Лана Чолиќ


Македонскиот фудбалски првак во женска конкуренција ЖФК Каменица Саса донесе уште едно странско засилување за новата сезона и претстојниот настап во Лигата на шампиони, потпишувајќи денеска едногодишен договор со српската фудбалерка Лина Чолиќ.


 

Најновото засилување во редовите на Каменица Саса доаѓа од српскиот прволигаш ЖФК Земун, каде Чолиќ настапуваше со капитенската лента.

– Со квалитетот и искуството на Лана очекуваме нашиот напад да биде уште поефикасен, објави попладнево македонскиот шампион во женска конкуренција.

Претходно, Каменица Саса ги засили своите редови со бугарската интернационалка Антонина Шопска, како и со голманот на репрезентацијата на БиХ, Јелена Гвоздерац.