Јувентус го нуди Ремзи и 50 милиони евра за Погба


– Јувентус е подготвен да се раздели со Арон Ремзи и  да плати дополнителни 50 милиони евра за ангажман на Пол Погба. Манчестер јунајтед, пак, за Французинот бара 150 милиони евра, но секоја понуда ќе добие должна почит и внимание од раководството на „црвените ѓаволи“.

Велшанецот се пресели во Јувентус на почетокот на сезоната како слободен играч и без отштета по разделбата со Арсенал. Меѓутоа, засега не успева да се наметне кај Маурисио Сари. Од друга страна, ниту Погба не е најсреќен во Манчестер јунајтед и веројатно ќе нема против да се врати во клубот чиј дрес го носеше од 2012 година до 2016 година.

Погба стигна во Манчестер јунајтед во 2009 година како 16-годишник од Авр и три години подоцна ја прифати понудата на Јувентус. Во август во 2016 година се врати на „Олд Трафорд“ за 105 милиони евра, а сега е на прагот за кам-бек во Торино.


Пет починати од коронавирус и 29 нови случаи - МИА
Вести

Пет починати од коронавирус и 29 нови случаи

Скопје, 7 април 2020 () – На Инфективната клиника починаа четворица пациенти заболени од коронавирус: 52-годишен од Куманово, 65-годишна пациентка од Лабуништа-Струга, жена на 62 години  од тетовско Челопек и една 81-годишна од Штип. Во […]

Угостителите нема да ги користат мерките на Владата, отпуштени голем дел од вработените - МИА
Бизнис

Угостителите нема да ги користат мерките на Владата, отпуштени голем дел од вработените

Скопје, 7 април 2020 ()  – Туристичко угостителската комора на Македонија денеска објави дека илјадници угостителски објекти кои тие ги застапуваат нема да ги користат мерките на Владата бидејќи, како што посочија оттаму, се недоволни […]

Кафематите и апаратите за вода потенцијална зараза, кафеаните во рураните средини не ги почитуваат препораките - МИА
Вести

Кафематите и апаратите за вода потенцијална зараза, кафеаните во рураните средини не ги почитуваат препораките

Скопје, 7 април 2020 () – Затворени се 48 угостителски објекти, забранети се за употреба 215 кафемати, а кај 15 месарици и маркети е констатирана општа лоша хигиенска состојба, во тек на 3.908 надзори што […]