Тренерот на Интер, Симоне Инзаги е задоволен од освојувањето на трофејот во Купот на Италија.
Интер синоќа во финалето на националниот куп ја победи Фиорентина со 2:1.
– Среќен сум што го освоивме трофејот што го посакувавме. Фиорентина е добар тим кој ни направи проблеми. Лошо го почнавме натпреварот, погрешен ни беше пристапот, ретко се случува. Но, момците успеаја да останат во играта и потоа да го свртат резултатот. Не чекаат уште два меча во првенството, а потоа и финалето во Истанбул. Сакаме оваа прекрасна сезона да продолжи, изјави Инзаги за „Sport Mediaset“.
До крајот на сезоната има уште два натпревара во Серија А со Аталанта и Торино и финалето во Лигата на шампионите со Манчестер сити.