Интер се договори со Тотенхем за Ериксен


– Играчот од средниот ред на Тотенхем, Кристијан Ериксен е на чекор од трансферот во Интер. По многу преговори, „Нероазурите“ се договорија со Спарси за надоместокот за трансфер на Данецот. Тој е вреден е 20 милиони евра, заедно со бонусите, изјави новинарот на „Газета дело Спорт“, Николо Шира на Твитер.

Играчот од средниот ред се очекува да потпише договор до летото 2024 година. Неговата плата во Интер ќе биде 10 милиони евра по сезона.

Ериксен е фудбалер на Тотенхем од летото 2013 година. Во досегашната кампања, Данецот има 3 гола и 3 асистенции на 27 натпревари од сите турнири.

Неговиот актуелен договор со лондонскиот клуб истекува во текот на летото и тој не сакаше да го продолжи.


Вести

Заев и Мицкоски во домашна изолација поради контакт со заболен од ковид – 19

Скоипје, 9 април 2020 () – Лидерите на двете најголеми политички партии Зоран Заев на СДСМ и Христијан Мицкоски на ВМРО-ДПМНЕ од денеска се во задолжителна домашна изолација, соопшти денеска на вонредна прес – конференција […]

Починат притвореник во затворот во Шутка позитивен на Ковид 19 - МИА
Вести

Починат притвореник во затворот во Шутка позитивен на Ковид 19

Скопје, 9 април 2020 () – Притвореник во затворот Скопје во Шуто Оризари, примен на 8 март оваа година, кој починал од срцев удар, без симптоми за коронавирус, посмортем му е потврден Ковид 19, соопшти […]