Играч на Барса: Внимаваме со Меси на тренинзите, за да не се повреди


– Фудбалерот на Барселона, кој се приклучи на тимот на Шалке 04 до крајот на сезоната пред неколку дена, Жан-Клер Тодибо се потсети на неговиот тренинг процес на „Камп Ноу“.

Според дефанзивецот, на тренинзите на Каталонците сите внимаваат во одбраната против големата sвезда Лионел Меси, за да не го повредат.

– Сите знаевме дека не можеме да си дозволиме (Лионел Меси) да се повреди. Сите го чуваат многу внимателно на тренинзите. Научив многу од Меси и дури имав неколку интервенции против него, но бев внимателен да не го повредам, изјави 20-годишниот француски дефанзивец.

Тодибо беше привлечен од Каталонците откако се сметаше дека е засилување за иднината. Сепак, за речиси година, тој доби шанса да настапи на само 5 натпревари за „блаугранас“.


Вести

Расте бројот на инфицирани со Ковид-19, но засега нема поригорозно ограничување на движењето на граѓаните

– Во деноноќието меѓу 30 и 31 март се потврдени 44 нови случаи на инфицирани со коронавирусот, со што бројот на вкупно заболени досега достигна 329, од кои 12 се излекувани, а деветмина починаа. Властите […]

Вести

Минимална плата и дополнителни кредити за приватниот сектор за зачувување на работните места и ликвидност

– Финансиска поддршка за претпријатијата од приватниот сектор за исплата на плати за своите вработени во висина од 14.500 денари за месеците април и мај, кратење на платите за сите избрани и именувани функционери на […]

Вести

За непочитување на полицискиот час, 24 скопјани ги очекува 48 илјади евра казна

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози пред Основниот кривичен суд Скопје, против вкупно 24 лица кои не го почитувале полицискиот час, информираат од скопското Обвинителство. – Обвинетите, во различни кривично-правни […]