Халанд: Работата со Гвардиола е навистина нешто посебно

haland
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалерот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд проговори за тренерот на тимот Хосеп Гвардиола по победата во финалето од Лигата на шампионите над Интер (1:0).

– Работата со него е навистина нешто посебно. Имаме добри односи и со нетрпение очекувам следната сезона да се развиваме понатаму. Јас сум уште млад. Имам уште многу години пред мене. Секој ден да тренирате со него, со најдобриот тренер на светот… Добро место е. Следната сезона треба да го одбраниме она што го постигнавме оваа сезона. Еве како функционира. По еден месец, се се заборава и ќе мора да почнеме од почеток, изјави Халанд за Би-би-си.


Манчестер сити синоќа за прв пат ја освои Лигата на шампионите. Тимот направи и тројна круна – Премиер лигата, ФА Купот и Лигата на шампионите.

Халанд стана најдобар стрелец на турнирот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK