Напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд постигна гол во денешната победа на неговиот тим против Евертон со 3:0.
„Граѓаните“ на три натпревари пред крајот водат на табелата со 85 бода, пред Арсенал кој има 81.
Норвежанецот го постигна својот 36-ти гол во 33 одиграни натпревари во Премиер лигата сезонава. Халанд постави рекорд во лигата по постигнати голови во една сезона. Претходниот рекорд од 34 гола го држеа Енди Кол (во 1993/94) и Алан Ширер (1994/95), кои постигнаа голови во лига со 22 екипи и 42 натпревари.
Мохамед Салах постигна 32 гола во 2017/18 година, и ова е рекорд во Премиер лигата со 20 екипи (толку брои и сега) и 38 првенствени настапи пред доаѓањето на Халанд.
Последниот играч кој постигнал повеќе голови во една сезона во тогашната Прва лига на Англија е Рон Дејвис, постигнувајќи 37 голови во 1966/67 година.